И поќерката на Камала Харис, Ела Емхоф потпиша за IMG Models


САД– Меѓу високата мода на инаугурацијата на Џо Бајден како 46. претседател, симболичната балска тоалета на Леди Гага на Скјапарели и белиот комплет на Џенифер Лопез во „Шанел“ , младата Ела Емхоф беше неспорна стилска ѕвезда на настанот. Една недела по нејзиното зачудувачко деби на заклетвата на претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, 21-годишната Емхоф потпиша со IMG Models, пренесува „Њујорк тајмс“.

Во деновите по инаугурацијата, за модната агенција (која ги претставува и Кејт Мос, Кара Делавињ,  Џиџи и Бела Хадид, Мила Јовович…) потпиша и младата поетеса Аманда Горман (22) чија изведба на поемата „Ридот што го искачуваме“, предизвика сензација во светот.

Емхоф, е ќерка на вториот господин и успешен адвокат Даг Емхоф од првиот брак и поќерка на потпретседателката Камала Харис (која ја вика „Момала“). На Факултетот за дизајн Парсонс во Њујорк студира ликовна уметност со акцент на текстилот. Местото на Емхоф во светот на модата беше зацврстено со нејзиниот кариран капут на Миу Миу и Том Браун , со  јака  со украси со жолта и портокалова боја преку целото рамо, кој потсетуваше на стилот на Сара Џесика Паркер.

„Бев прилично изненадена за договорот со агенцијата, бидејќи кога бев помлада, никогаш манекенството не го гледав како дел од мојата временска линија“, изјави Емхоф за „Тајмс“ од нејзиниот (веројатно) шик стан во Бруклин.

„Како некој што, како и многу млади девојки има проблеми со самодовербата, застрашувачки е да бидете дел од  овој свет кој е хипер-фокусиран на вашиот изглед и на телото“.

Емхоф, е позната на социјалните мрежи со своите модни избори.