И по Гучи, Форд: Ана Винтур го напиша предговорот на втората книга на Том Форд


САД– Славниот дизајнер и актуелен претседател на Советот на модни дизајнери (CFDA ) ќе  ја објави својата втора книга „Том Форд 002“ во ноември. Објавено од Рицоли Њујорк, содржи предговор од Ана Винтур (уредничка на американскиот „Вог“ и најмоќна жена во светот на модата), вовед од Грејдон Картер и разговор со Бриџит Фоли.

Форд ја објави својата прва книга „Том Форд“, пред 17 години (Рицоли, 2004), која го истражуваше неговото време како креативен директор на Гучи. Втората книга е визуелна компилација на сопствениот бренд на Форд, кој тој го основа во 2005 година.

Книгата на 444 страници-со димензии 10 3/4 x 14 инчи-содржи слики и лични коментари од 59-годишниот Форд, роден во Остин, Тексас. Во него се прикажани неговата кариера по „Гучи“, лансирањето на брендот „Том Форд“, објавувањето на двата негови наградувани долгометражни играни филмови „Еден човек“ и „Ноќно животно“, и двата кои беа номинирани за Оскар, и го води читателот низ проширување и еволуција на неговиот истоимен бренд, кој опфаќа козметика, очила и машка и женска облека.

Меѓу познатите личности прикажани во книгата се Џулијан Мур, Бијонсе, Џенифер Лопез, Ријана, Николас Хулт, Зендаја, Тимоти Шаламе и Дрејк, сите облечени во дизајнот на Форд, како и модели како Џиџи Хадид, Џоан Смолс, Мика Арганазаз и Џон Кортајарена, меѓу другите. Книгата ги истакнува рекламните кампањи снимени од фотографи Стивен Клајн, Инез и Винуд, Ник Најт и Мерт и Маркус, како и претходно необјавени слики.(WWD)