И независниот кандидат во Могила се повлече од трката во корист на ВМРО-ДПМНЕ


Могила

 

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, па нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот изборен круг, одржан на 18 октомври, Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253.

Пивковски во својата изјава посочи дека одлуката не била лесна, но е донесена по „внимателно размислување и разговори со граѓаните“.

„Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент, во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите“, изјави Пивковски.

Одлуката да се повлече беше очекувана откако на синоќешниот поткаст „Тешки муабети“ жители од Могила кои се преставија со име и презиме се пожалија во јавувањето во живо дека нивниот фаворит независниот Пивковски трпи големи притисоци и закани по него и неговото семејство од приврзаници на владејачката ВМРО ДПМНЕ и дека веќе размислува да се полече неможејки да се справи со притисоците и вербални но и секојдневни инспексии во неговата фирма испратени од власта.

Ова е втор независен кандидат што се повлекува од трката, по Милосав Војнески во Македонски Брод. Таму Војнески имаше само три гласа предност пред третопласираниот Ивица Стојкоски од СДСМ 705 на 702.