И Бугарија не сака да плаќа руски гас во рубљи
Соседна Бугарија не сака уцени и нема да плаќа за руски гас во рубљи.Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер, Лена Бориславова за БТВ изјави дека ставот на Бугарија и на цела Европа е јасен. Таа додека дека Бугарија нема да подлегне на уцената и нема да ги прекрши потпишаните договори во кои јасно се наведува дека исплатата не е во руски рубљи, туку во друга валута, јави дописникот на МИА од Софија.
Претходно, Франција, Германија и Британија се побунија за истото, а балтичките земји се откажуваат од рускиот гас. Велика Британија нема ни да добие руски гас, затоа што сака да биде лидер на сѐ што е антируско, велат руските власти.
Украинците бараат ембарго за рускиот гас и нафта, откако руската војска уби голем број цивили во Буча.Откако Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина, Западот воведе санкиции против Русија, а сега се подготвува и нов сет.