И Бајден ги повика имигрантите да не доаѓаат во САД
Американскиот претседател, Џо Бајден, порача имигрантите кои имаат намера да влезат во САД без документи да „не доаѓаат“ и дека сите возрасни ќе бидат вратени назад.
Во интервјуо за телевизијата Еј-Би-Си, на прашање дали треба да испрати јасна порака на луѓето кои сакаат да ја преминат (јужната) граница, Бајден изјави дека „возрасните ќе бидат вратени назад“.
-Можам да кажам доволно јасно: не доаѓајте, не го напуштајте вашиот град или заедница, додаде тој.
Кажа дека ако луќето сакаат да аплицираат за азил, администрацијата ја олеснува постапката тоа да се стори на самото место, преку надлежните служби како Министерството за здравство и хуманитарни служби.
Бајден негираше дека имигрантите доаѓаат затоа што сметаат дека тој е „мирен и фин човек“ и нема да спречи преминување на границата.
-Не е поради тоа, изјави тој.