Хутите се заканија со војна против секој нов сојузник на САД и Израел


 Движењето на јеменските бунтовници Хути, поддржано од Иран, соопшти дека е подготвено воено да интервенира доколку нови сојузници им се приклучат на САД и Израел во војната против Иран.

Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари, во телевизиско обраќање истакна дека нивна интервенција е можна и доколку Исламската Република биде нападната од водите на Црвеното Море.

Оваа закана доаѓа во време на ескалација на конфликтот кој веќе сериозно го погоди регионот на Блискиот Исток.