Хурем стана вест во Дубровник – на роденден кај турски бизнисмен
Познатата турска актерка Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем султан во серијата „Сулејман Величествениот“, ужива во Дубровник.
Мерјем, која е многу активна на социјалните мрежи, на својот Инстаграм профил сподели низа фотографи од својот престој во Дубровник и се пофали дека била гостинка на роденденската забава на бизнисменот Мехмет Корутурк.
Интересно е што на својата Инстаграм „приказна“, покрај фотографијата, означила каде е и ја споделила песната „Мало чемо да се купамо“ од Црвена јабука.
Убавата актерка која живее во Германија, иако не снима многу, заработува одлично од својот Инстаграм профил и од рекламирање на многу производи.
Иако е активна на социјалните мрежи, таа го крие својот приватен живот од очите на јавноста. Познато е дека актерката има две ќерки – Лара, која ја има од врската со бизнисменот Кан Атеш, додека втората ќерка Лили Кои ја доби на почетокот на 2020 година.
Мерием во изминатите години се посвети на мајчинството, оставајќи зад себе турбулентен период од животот.