Хуманитарецот Али Февзи избран за „Маж на годината“
Али Февзи е победник во категоријата „Маж на годината“, според гласањето на официјалната Фејсбук страна на манифестацијата.
Али Февзи е познат хуманитарец во нашата држава, кој изминатиот период купува и донира се што е потребно на семејствата кои во овој период имаат егзистенционални проблеми.
Тој го продаде и својот џип БМВ Х5 за да има пари за да помага, а неодамна го стави на оглас и вториот џип.
Наградата „Маж на годината“ според социјалните медиуми и дава можност на целокупната јавност да се вклучи директно во овој настан, преку номинирање и да гласаат за оние кои се номинирани, преку официјалната Фејсбук страна.
Настанот „Мажи на годината“ ќе се одржи на 25 ноември, вклучени се 13 добитници во 13 категории, меѓу кои и главната награда за „Маж на годината“.