Хрватска се разбуди под снег (фото)
Хрватска е погодена од првиот сериозен студен бран во ноември, а со него дојде и снег што паѓа во неколку региони. Најзастапен е во Лика и Горски Котар, но паѓа и во низините. Се создаваат и проблеми со сообраќајот.
Според синопричарите и денес времето во Хрватска ќе биде облачно, ветровито и релативно студено. На Јадранското Море ќе има дожд на места, а во Далмација обилни врнежи од дожд со грмежи. На копно ќе има лапавица и снег, а на места ќе има снежна покривка, а во планинските предели ќе биде погуста.






















