Ужас во Хрватска: Маж упаднал во дом за стари и почнал да пука, петмина убиени
Пет лица загинаа во понеделникот во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар, Хрватска, јавија локалните медиуми.
Mojportal.hr неофицијално дознава дека маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица загинаа на лице место, додека на некои им се укажува лекарска помош.
По грозоморниот чин убиецот побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафулето Даруварац. Сирени одекнуваат низ градот, пишуваат хрватските медиуми.
Инаку, Дарувар се наоѓа во Бјеловарско-билогорската жупанија. Оддалечен е 125 км од главниот град Загреб и околу 130 км од Осиек. Сместен е во западниот дел на Славонија. Според пописот од 2011 година во градот заедно со приградските населби живееле 11.633 жители, а во самиот град живееле 8.567 жители.