Хрватска ќе го реформира здравството од 62 ќе останат само 20 болници


 

Пациентите во Хрватска директно ќе ги плаќаат услугите за лекување, пишува „Јутарњи лист“, откривајќи ги деталите на реформи во здравството кои ги најавува министерот за здравство Вили Берош.

До крајот на оваа година ќе се обединат јавните набавки за 23 категории производи во болниците, ќе се ревидира листата на посебно скапи лекови и ќе се донесе целосна регулатива за сите лекови, Хрватскиот завод за здравство ќе ги ревидира сите осигуреници и ќе се усклади со Хрватскиот завод за вработување, ќе се воведе општ систематски преглед и ќе се пропишат правила за приватна работа на лекарите.

Само со овие мерки здравствениот буџет оваа година треба да заштеди 600 милиони куни. Во периодот од 2023 до 2026 година ќе се изедначат коефициентите на специјалистите на примарно и болничко ниво, ќе се професионализира менаџментот на здравствените установи, ќе се зголеми бројот на лекари и сестри кои се усовршуваат за примарна и итна медицина.

Во текот на 2024 година ќе дојде до спојувања на болниците, ќиј број од 62 ќе се сведе на 20, стационарното лекување треба да се намали за 10 отсто, она во дневните болници ќе се зголеми за 20 отсто, а просечниот број денови ќе се намали од сегашните девет на седум. Во 2025 година ќе се спроведе и дигитализација.

Постојат три главни фази на реформите

До 2030 година здравствените показатели во Хрватска треба да се изедначат со оние во ЕУ. Тоа се три главни фази на спроведување на реформите во здравството од презентацијата на шеесетина страници која овие денови е претставена на директорите на поголемите болници, ќленовите на лекарската комора и претставниците на здруженијата во здравството. Севкупно 20 стручњаци го чинат советодавното тело на министерот Берош.

„Одлучни сме да го промениме системот, да ги стабилизираме финансиите, да ги категоризираме болниците, вработените да бидат задоволни. На реформата уште се работи, постојано се доработува и во тоа учествуваат сите релевантни учесници од рализни сектори“, вели Берош.

За воопшто да се тргне во реформа во текот на оваа година, нушно е да се реши законската регулатива, а новиот закон за здравствена заштита и законот за здравствено осигурување треба да бидат готови до крајот на 2022 година.

Меѓу главните причини зошто се почнува оваа рефома се наведува дека Хрватска за здрватвото издвојува ти и пол пати помалку пари од просекот во ЕУ (930 наспроти 3.197 евра по жител), само третина од населението плаќаат здравствено осигурување, има 62 болници на четири милиони жители, а растот на платите во здравството од 2016 година наваму изнесува високи 40,5 отсто, пишува „Јутарњи лист“.