Хрватите доаѓаат по сперма и јајни ќелии во Македонија


Во Хрватска нема банка за сперма и јајни ќелии, па затоа двојките кои не можат да станат родители по природен пат, мора да одат во други земји меѓу кои и во Македонија, пишува Индекс.

Имено, во Хрватска уште во 2000-тите една болница откупувала сперма по цена од 400 куни по доза, но денеска тоа веќе не е пракса, па затоа двојките на кои им е потребна таква помош, заминуваат во други држави каде има банки, а најмногу во Македонија и во Чешка, но и во Шпанија, белгија, Португалија…

Неретко на тоа трошат мало богатство, особено ако Хрватскиот завод за здравствена заштита не ги покрива трошоците.

Една двојка од Загреб, кои веќе биде за ваква процедура во Брисел, сега планира да дојде во Македонија, затоа што велат, во Белгија трошоците им се 50 отсто покриени, а за Македонија бидејќи не е членка на ЕУ, Заводот го покрива целиот износ. Секако, покриен е трошокот за превоз, но со најевтина карта со авотбус, како и престојот, но со точно одредени денови, а ако сакаат да останат ден, два подолго треба сами да си платат.

Според официјалните податоци, вакви двојки годишно во Хрватска иа 100, но според некои здруженија бројката оди до 200 или 300 двојки.