Хороскопски знаци кои не дозволуваат емоциите да ги понесат


Кај овие знаци на Зодијакот преовладува логиката.

Има луѓе кои се водат од логиката и не дозволуваат емоциите да ги одведат на погрешен пат. Всушност, во секој момент можат да ги „исклучат“ како да имаат прекинувач на срцето. Од „надвор“ делуваат далечни, па дури и ладни, но тоа е нивниот начин на функционирање и заштита.

Близнаци

Паметни, реални и лесно приспособливи на ситуации, Близнаците можеби се меланхолични некое време, но нема да дозволат темнината да ги заведе. Брзо ќе размислат, ќе исклучат алтернативи кои не им одговараат и следното утро ќе бидат подготвени за својата нова авантура. Животот, на крајот на краиштата, продолжува.

Девица

Логиката на Девицата тешко дека ќе ја нарушат емоциите. Однапред размислуваат логично, ги разгледуваат претходните одлуки и се што тргнало наопаку, за да не се повтори. Анализата е начин да се одбрани од идна штета.

Јарец

Јарците, познати по својот реализам и логика, не дозволуваат никој да ја види нивната ранлива страна. Имаат многу трпение и со смирено размислување ќе најдат решение за сите дилеми, без емоции. Доколку е потребно, тие ќе ги направат сите неопходни промени за да може работите да се поправат. Плачењето и кукањето не им одговараат и нема да ги гледате ранливи и расеани од емоции.