Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денешната динамика се чини дека ви е малку пребрза: можеби би ви е потребно повеќе време за да одлучите како да постапите понатаму? Сакате да постигнете финансикса независност, а не сакате да ги повторите истите грешки од минатото: важно е да најдете вистински баланс помеѓу автономијата и нежноста.

БИК: Денес ќе откриете како да соочите со вистината дека работите се менуваат постепено: блокадите ќе останат минато, оној момент кога и самите ќе се одлучите да си помогнете. Треба да бирате помеѓу две опции и да се подготвите за промени: сега сѐ е повлно и во свое време. Нов животен стил.

БЛИЗНАЦИ: Она што ви треба денес е поголемо разбирање со кое што ќе постигнете среќа и исполнување: прифатете го фактот дека луѓето се разликуваат значително еден од друг и одберете го своето место во светот. Љубовта која што ја посакувате нема никогаш да исчезне сосема: сеќавања на некои поубави и искрени времиња.

РАК: Ова е успешен ден со добри инвестиции, со кои што го потврдувате својот статус во кариерата: ако треба да почекате за резултати, направете го тоа имајќи верба во иднината. Постепено сите елементи ќе се вклопат во една логична целина и ќе бидете горди поради она што сте го постигнале. Сатисфакција.

ЛАВ: Постојат многу приказни за вашата широкограда природа и ова е уште еден ден кога ќе се покажете во вистинското светло: срдечни, весели и топли, се радувате на убавата енергија и љубов од страна на блиските. Минувате низ важна животна фаза, кога ќе се случат крупни промени: време е за реформи. Ангажмани.

ДЕВИЦА: Ако сакате правилно да им се обратите на работите, ќе треба да му наредите на стравот да седи во некое ќоше: мерете добро и ќе откриете дека тоа е нешто што сте го прифатиле и нема никаква врска со вашата оригинална природа. Вие сте светлина и љубов, која што може да се преточи во зборови и стане убава бајка.

ВАГА: Под убави планетарни влијанија, ова е ден кога сѐ што имате би го споделиле со сите: пријатни, забавни и атрактивни, имате повод за прослава или дружење со секаков тип на луѓе. На професионален план добивате шанса да превземете нови одговорности и да ја проширите сферата на своето влијание. Волшебно е, зарем не?

СКОРПИЈА: Ако досега работите се одвивааа добро, денес ќе почувствувате промена: пред вас се докази кои што покажуваат дека неопходна е промена, со која што ќе доживеете лична трансформација. Она што се бара од вас е да нурнете длабоко во себе и да направите квалитетни промени: заборавете накратко на изразот квантитет.

СТРЕЛЕЦ: Силно и убаво влијание од страна на некоја широкограда, креативна и ентузијастична личност, која што по сѐ изгледа е роднински поврзана со вас: сугестии во однос на потпишување на некои долгорочни договори, со мистериозен карактер. Елоквентни и мудри, успевате да ја поправите репутацијата.

ЈАРЕЦ: Денес може да очекувате да бидете повикани и да го изразите своето мислење за неколку важни работи: размислете добро и ќе успеете да дојдете до вредни информации за самите себе. Можеби се држите нездраво за некаква врска која што не води никаде: напуштете го олтарот на лажните уверувања. Ослободете се.

ВОДОЛИЈА: Исполнети со креативна енергија и необични идеи, сфаќате дека на секој почеток сте обичен ученик, кој што треба внимателно да ги студира важните процеси, правејќи ситни чекори кон иднината. На тој начин ќе успеете да одгатнете многу тајни, да ги потврдите своите намери и да учествувате во церемонии.

РИБИ: Како да стоите голи пред светот чекајќи на нечија пресуда: станува збор за некакви инвестиции или љубовен избор. Сѐ што се случува сега е од екстремна важност и добро ќе биде да не правите усилени напори, сакајќи со еден удар да ги решите блокадите. Бидете практични и рационални: нема да ја изгубите контролата!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]