Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Како што може разумот, така и срцето може да ве заведе и однесе во погрешен правец: ако дозволите да ве водат страстите, ќе делувате импулсивно и може да направите грешки. Воздржете се малку и не покажувајте ги отворено своите чувства. На професионален план се случуваат промени, но за сега сѐ е под контрола.
БИК: Прифатете ги луѓето околу себе без желба да ги менувате и тие самите ќе се отворат во потребата да ви се приближат: бидете мудри и адаптирајте се. Ова е важен период кој што ќе донесе крупни промени, особено во однос на партнерските врски и здружените финансии, со што ќе ја вратите својата лична моќ и сила.
БЛИЗНАЦИ: Убави, вредни, трпеливи и фокусирани, ќе забележите дека не постои пречка која што не можете да ја минете: работите тимски и искусно, а тоа ќе ја осигура вашата финансиска иднина. Со практичен ум, добро разбирате кога да се повлечете, да делувате од заднина и на тој начин да се извлечете од опасните ситуации.
РАК: Она што нема да ве уништи, ќе ве направи посилни: се наоѓате пред важна животна крстосница и сега повеќе нема назад. Размислете добро што е она што ви е најпотребно, за да избегнете непотребна драма, конфликти и болка. Бидете отпорни и полесно ќе се соочите со консеквенците на претходно направените избори: направете го она што треба да се направи и вратете си ја честа.
ЛАВ: Одличен ден за започнување на нови проекти, со кои што ќе постигнете слава: ги имате сите потребни алатки и искуство за овој пат во животот. Учите нови работи во областа на науката и правите долгорочни договори со моќни поединци. Ништо не е случајно, па така ниту љубовта која тропа на вашата врата: ќе одговорите ли?
ДЕВИЦА: Ако ги читате туѓите мисли, тоа не значи ништо, но ако ги читате скриените мисли, е веќе тоа значи нешто повеќе: до длабока промена се доаѓа единствено преку соочување со голите факти и на тој начин илузиите се разбиваат. За еден прагматичен дух како вашиот, ова значи многу и денес ќе успеете да заработите многу!
ВАГА: Во моќна позиција да решите многу животни прашања, најмногу ќе бидете фокусирани на домот, блиските роднини и семејството, со што ќе ја постигнете саканата регенерација. Поставете здрави граници, делувајте во своето поле на интерес и не гледајте наназад повеќе: сега ви е јасно какви чекори ќе превземете.
СКОРПИЈА: Внимавајте што посакувате, бидејќи токму тоа и може да го добиете: ова е прекрасен ден кога темнината останува минато, а иднината носи оптимистични шанси. Вашите добри намери и напори не се залудни и затоа ќе бидете наградени: препуштете им се на вишите сили да ве водат и опуштете се малку. Насмејте се.
СТРЕЛЕЦ: Вашите напори не минуваат незабележано и денес е можна промоција: со голема леснотија ја плетете својата иднина, како пајак својата мрежа. Денешните дела се утрешен дом и нема место за жал во вашиот живот: најдете време да појдете на некое место каде што ќе се шалите и радувате со своите најблиски.
ЈАРЕЦ: Брз развој во секојдневието кој што ќе ви донесе многу нови информации и ќе се придвижите кон саканата дестинација: од секоја порака се јавува нов потенцијал, но потребно е да се заштитите на време и да знаете кога да делувате. Како да сте допрени од волшебна сила од повисоките светови: добивате мудрост!
ВОДОЛИЈА: Од многуте информации ќе треба да издвоите што е вистинско знаење и наука: ако имате богатство, ќе имате и пријатели, но запрашајте се колку навистина се искрени. Штом ќе се испразни трпезата можно е сите да заминат, затоа внимавајте што ви говорат и како вие ги пренесувате пораките: доаѓате до длабоки увиди.
РИБИ: Повторно блескате и имате голема самодоверба: постигнувате привилегирана позиција и работите со голема љубов. Го наоѓате своето место во светот и се чувствувате ценети и подготвени за нови освојувања: талентите се тука за да ги искористите во свое време, а не да ги чувате за некој замислен и иден свет. Имате своја публика.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ