Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Обидете се да продолжите со своите планови без да аргументирате: вашата огнена природа можеби ве турка напред да се соочите со некоја своја сенка, но сега е добро да ги бирате сите свои битки. Не губете сила на неважни работи и не инсистирајте да докажете колку сте во право: делата говорат посилно од сите зборови.
БИК: Чесна соработка и убави интимни односи: љубовта ги изедначува спротивставените страни и постои благодарност, простување и чест. Прекрасен ден за сексуална магија, материјални добивки и трговија, со што ја враќате силата во својот живот. Почитувајте ја слободата на саканите и бидете трпеливи со нив.
БЛИЗНАЦИ: Обидете се да постигнете баланс помеѓу работата и забавата: иако е добро да се подготвите за сезоната со долги ноќи и да заработите повеќе, сепак сетете се на својата разиграна природа. Појдете во некој бутик или продавница и купете си нешто убаво, а што ќе ве потсеќа дека животот не се состои само во работата: време е за љубов!
РАК: Ако на своето животно патување не можете да најдете некој кој што е еднакво добар како вас или дури и подобар, тогаш патувајте сами: доколку сметате дека некој ви се заканува, повлечете се на време и ќе постапите мудро. Вашето здравје се подобрува и наоѓате сила да се соочите со нешто што одамна го избегнувате.
ЛАВ: Иако стапнувате на терен кој што ви е по малку непознат, се јавува надеж дека ќе успеете да ги споите сите спротиставени точки на некое прашање: можеби ќе појдете на пат, каде што ќе откриете скриени благослови. Запаметете дека огинот не се гаси со бензин и ќе креирате нов начин на комуникација: нашалете се повеќе!
ДЕВИЦА: Конечно разбирате дека се потребни повеќе обиди за да успеете во она што го сакате и после подолго време ќе ги откриете добрите резултати: одлично ги перципирате сите составни точки на некој предмет и успевате дури да ја видите и пошироката слика. Набрзо ќе зачекорите на нова територија, кога сѐ ќе стане полесно и поубаво.
ВАГА: Вие сте уникатно битие кое што е сѐ, само не е досадно: прекрасен ден кога љубовта ви намигнува и ве повикува на раскошен оброк, сензуални задоволства и слатки зборови. Сега не е време да седите со вкрстени раце и да го одбиете овој пехар, туку да бидете тактичи и да се отворите пополека: нови идеи и сериозна комуникација.
СКОРПИЈА: Времето е илузија и штом ќе го разберете ова, ќе се разбудите од долготрајниот сон: го менувате начинот на размислување и се соочувате со парадоксални вистини. Ова е мистичен момент кога ќе постигнете успех и повисока свесност, размислувајќи како најдобро да го искористите дневниот циклус. Доживувате класично будење!
СТРЕЛЕЦ: Работите напорно и успевате да поврзете неколку точки од минатото, кои што ќе ви служат во непосредната иднина: денес не е ден кога треба сѐ да откриете, напротив, задржете некоја важна информација за себе и употребете ја кога ќе сметате дека дошол поволен момент. Вие сте силна личност, која што може да поднесе многу. Среќа.
ЈАРЕЦ: Нема ништо благородно во тоа да се занимавате со некоја битка која што веќе е зад вас: колку повеќе се издигнете над ситуацијата, толку подобро ќе се заштитите себе си и ќе излезете како победник. На тој начин ќе ја вратите честа, самодовербата и правдата, жртвувајќи се во име на некоја повисока кауза. Бидете рационални.
ВОДОЛИЈА: Ако ѝ дадете време на водата да се смири, ќе успеете на површината јасно да го видите својот одраз: бидете флексибилни и безгрижни, верувајќи дека постојат повеќе солуции. Најдете време да се забавувате со пријателите и уживајте во лежерноста на денот: ќе постигнете независност не со одбивање, туку со внимателно бирање.
РИБИ: Започнете нов живот и откријте што значи ренесансата во вистинска смисла на зборот: интуицијата е зголемена до ниво на телепатија и имате силна моќ за регенерација. Нема црно бели решенија, туку моќна трансформација, по која што ќе заборавите на тегобните моменти од последните седум години: моментот е совршен!
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ