Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Крупни промени во областа на домот, партнерски врски и општествениот статус: можеби ситуацијата е веќе некое време напната, но најдобро ќе биде да се запрашате што е она што најмногу ви значи и на тој начин да ја обновите страста за животот. Внимавајте притоа да не се изгорите и не брзајте во работата: насмејте се повеќе!

БИК: Пред вас се две еднакво привлечни опции со кои што може да си ја вратите силата, но ќе треба да бидете истрајни, да избирате мудро и да оставите нешто во минатото. Ружата е убава и покрај тоа што има трње, но тоа не значи дека ако сте се изгребале на еден трн дека цветот е паднат. Ова е ден за калкулации, нови договори и избори.

БЛИЗНАЦИ: Емоциите ве заведуваат и се чини дека ја губите волјата: денес имате склоност да сте мрзеливи, да се однесувате авторитативно и да претерувате во секој поглед, а тоа може да предизвика завист кај останатите. Ова најмногу се однесува на професионалната сфера, при што треба да избегнувате бесполезни дебати и аргументирање.

РАК: Надворешните услови покажуваат дека денес ќе треба да причекате и на тој начин да ја победите менталната болка, нервоза или пак болест поради која што вашите планови се стопирани. Како и да е, набрзо ќе дојдете до саканиот резултат, затоа верувајте си повеќе, особено кога ќе треба да го отстраните она што не ви служи повеќе.

ЛАВ: Исполнети со креативен потенцијал, ова е ден кога ќе ги усогласите спротивставените точки од својот живот: неодамна вложениот труд ќе ви се врати стократно и ќе се појават специјални шанси. Нема да чекате многу за да ги искористите поволните влијанија и откако ќе сфатите дека имате сè што ви треба ќе се ослободите конечно.

ДЕВИЦА: Сега веќе знаете како ќе се одвиваат работите и како ќе ги реализирате своите сништа во материјалната реалност: доаѓате до некаков документ, клуч или договор, кои што имаат репетитивно дејство. Средба со личност од висок авторитет и ранг, која ќе ви претстави некаков план: зарем не е добро што конечно се појавуваат повеќе шанси?

ВАГА: Денес се облекувате во есенски бои и го оставате летото зад себе: ве очекуваат важни одлуки со саканите, за кои што не треба да правите големи реакции. Колку сте помирни, толку побрзо ќе се договорите и работите ќе појдат во саканата насока. За некои ситуации не треба да сте премногу емотивни, туку едноставно рационални.

СКОРПИЈА: Имајте сила и не губете дух: ве очекуваат атрактивни шанси со кои што ќе ги остварите своите романтични идеали. Вашето убаво расположение се пренесува наоколу, но немојте премногу да ги идеализирате работите. Нека ви биде утеха дека може да изградите дела кои што никогаш нема да остарат: сè што се случува е со трајна природа.

СТРЕЛЕЦ: Се прашувате која е вистинската насока и дали ги поставувате вистинските прашања: дали е добро да работите сами или во пар? Работите се одвиваат малку побрзо отколку што се надевавте, но нека не ве заплашува она што се случува наоколу: тапанот е само еден пример колку еден празен предмет може да направи бучава.

ЈАРЕЦ: Подолго време за подготвувате за она што се случува денес: доаѓате до плодна сезона во моментот кога очекувавте дека ќе се одмарате. Затворете им ја устата на сите и покажете им дека неволјите се со привремен карактер. Промени на професионален план, за чии што резултати ќе треба да причекате уште само малку: бидете трпеливи.

ВОДОЛИЈА: Ако сакате да направите трајна промена во животот, ќе треба да се научите да бидете сами и да ги надвладеете своите слабости: забавете го темпото и така ќе дојдете до реална промена и рационалност. Соочување со реалноста и потпишување на договори: не си давајте толкава важност, оставете нешто и за другите. Без опсесии!

РИБИ: Интуицијата ви кажува дека се приближуваат поубави времиња: ако седите под сенката на дрвото и не излезете на светлина, нема да можете да ги покажете своите таленти. Нема потреба да сте срамежливи, несигурни или апатични бидејќи останатите ви даваат поддршка: искористете го овој момент и покажете колку сте умешни.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]