Хорор во Салвадор: Фемицид, тела ископуваат со месеци
Властите на Салвадор почнаа со ископување на таен гроб зад куќата на поранешен детектив, затоа што се верува дека таму се закопани околу 40 тела.
Се верува дека повеќето се женски.
Досега откриени се остатоци од најмалку 24 лица на имот во општината Чакчуапа, на 78 километри северозападно од главниот град Сан Салвадор, јави денеска Гардијан.
Ексхумацијата на телата може да продолжи и следниот месец, објавија локалните власти.
Потрагата почнала кога поранешниот полицаец Уго Ернесто Осорио Чавес (51) е уапсен порано овој месец откако убил жена и нејзината ќерка. Осомничениот, кој прво бил под истрага поради сексуални престапи, го признал двојното убиство.
Кога форензички тим ја пребарал неговата куќа, откриле најмалку седум раце од телата, од кои некои биле закопани пред година или две.
Инцидентот го доведе во фокус прашањето за фемицид во државата од 6,7 милиони жители, со 70 забележани инциденти од овој тип лани.
Во Салвадор се забележани 111 убиства на жени во 2019 година, покажаа полициските податоци.
Насилството над жените во Латинска Америка, вклучително и убиства, се вложија за време на пандемијата од Ковид-19.
Во Мексико, минатата недела уапсен е маж (72) под сомнеж дека е сериски убиец на жени, откако остатоци од неколку лица се пронајдени во неговиот дом, како дел од истрагата по повод смртта на една млада жена (36).
Обвинителството на Салвадор издаде налог за апсење на уште девет осомничени кои можеби биле соучесници во злосторствата.
Директорот на полицијата на Салвадор Маурицио Ариаза Чикас, рече дека меѓу осомничените има поранешни полицајци, поранешни војници, како и криумчари и останати лица кои ги намамиле жените во смрт.