Холивуд на Капри: Гала-килимот на УНИЦЕФ ги собра ѕвездите

Италија- Италија летово е омилена топ-дестинација на холивудските ѕвезди, манекенки и старлети од Шер до Анџелина Џоли. Брегот на Амалфи освен со прекрасните глеки, храна и ресторани ги привлече ѕвездите за хуманитарна цел- гала ќилимо на УНИЦЕФ – LuisaViaRoma. Дуетот на Кети Пери која облече две тоалети- од Пјер Карден и на Долче и Габана-со Џон Леџенд собра пет милиони евра за децата ширум светот. Меѓу славните гости беа и Хајди Клум и нејзината 17-годишна ќерка Лени кои изгледаа беспрекорно во светкави златни и сребрени тоалети на Версаче и на Ели Сааб.
Како и Хајди, Лени (од врската со могулот на Формула 1 Флавио Бријаторе) е модел и веќе има објавено насловни страници и на Vogue Germany и на Glamour Germany. Хајди очигледно и дава многу совети во кариерата, кажувајќи им на Луѓето “За неа тоа е забавно. Таа не се плаши од камери затоа што секогаш доаѓа на моите сетови и моите емисии. Таа е доста силна на сцената, вели Клум за ќерка си.
На црвениот килим продефилираа и Емили Ратајковски, Каролина Куркова, Криси Тајген… (според агенциите)
