Холандија отвора втор прифатен центар за авганистанските бегалци
Властите во Холандија велат дека привремениот центар за сместување на евакуираните авганистанаски бегалци во касараната на војската на северот на земјата е полн и дека се во процес на отворање друга локација.
Владината агенција која се гризи за барателите на азил во понеделникот соопшти дека кампот во оддалеченото село Зуткамп ги достиганл своите капацитети во неделата вечерта, со доаѓањето на 178 евакуирани грашани од Авганистан.
Се отвора нов центар за сместување на поголем број Авганистанци во друга воена касарна во средишниот град Зеист.
Министерството за одбрана соопшти дека од кога талибанците ја презедоа контролата над Авганистан извршени се девет летови од кабул до аеродромот во регионот.
Шест летови со евакуирани од Авганистан стигнаа во Холандија со вкупно 880 луѓе. Тој број вклучува и државјани на Холандија, Авганистанци и државјани на други земји.