H&M се здружи со Муглер за новата колекција (видео)
Шведска– Последната дизајнерска соработка на Н&M е со никој друг туку со познатата куќа Mugler.
Колекцијата, која треба да биде лансирана на 11 мај, му оддава почит на легендарниот Тјери Муглер со силуети кои се карактеризираат со големи раменици кои се стегнати до половината со парчиња наменети да ги почитуваат линиите на човечкото тело. H&M го нарече „ода на довербата“ .
„Колекцијата е прослава на сето она што го дефинира Mugler како куќа и секое парче е автентично Mugler, од боди, кои станаа наш потпис, до остри кроење и обработен тексас“, изјави Кејси Кадваладер, креативниот директор на брендот. „Тоа е изложба на нашите икони“.
Кадваладер дизајнираше парчиња наменети да бидат драматични, охрабрувачки и во знак на славење на самоизразувањето, различноста и слободата, изјавија од H&M. Колекцијата треба да вклучува нови парчиња и архивски преработки.
Колекцијата ќе биде достапна на некои локации на продавници и онлајн. Цените сè уште не се официјализирани.
Манфред Тјери Муглер, почина во јануари 2022 година на 73 години, неколку дена по смртта на визионерскиот креативен директор на Вог, Андре Леон Тали. Познат по облекување ѕвезди вклучувајќи ги Ким Кардашијан, Карди Би и Бијонсе, работата на Муглер е позната на глобално ниво. Муглер моментално е во фокусот со изложба во музејот Бруклин што беше отворен во ноември.
Работата на колекцијата на H&M започна пред смртта на Муглер.
„На сите ни беше чест да го запознаеме Манфред, и се чувствува многу посебно што тој беше вклучен во почетните фази заедно со Кејси и куќата на Муглер“, рече Ен-Софи Јохансон, креативен советник во H&M, во соопштението.
Пред лансирањето на колекцијата, Mugler и H&M објавија музичко видео со слика на Stardust „Music Sounds Better With You“ во која се појавуваат колекцијата и уметниците Arca, Amaarae, Eartheater и Shygirl – и содржи оригинални музи на Mugler, вклучувајќи го и поранешниот супермодел Џери Хол.
Роден на 21 декември 1948 година во Стразбур, Франција, Муглер ја лансираше својата прва модна колекција наречена „Café de Paris“ во 1973 година.
Муглер стана меѓународно признат како дизајнер во текот на 1980-тите и 1990-тите. Тој дизајнираше една од најпознатите тоалети на 90-тите, која се појави во романсата/драмата „Непристоен предлог“ од 1993 година, со Деми Мур во главната улога. Мур го облече безвременскиот црн кадифен фустан со гол грб додека ја даде класичната изјава: „Фустанот се продава, јас не “.
Магнатот се повлече од модата во 2002 година, но во последниве години, легендарниот изглед на дизајнерот го носеа познати ѕвезди, вклучувајќи ги Лејди Гага, Ким Кардашијан, Карди Б, Дејвид Боуви, Мајли Сајрус, Никол Кидман, Бела Хадид и Дајана Рос.
