Хју Џекман се разведува по 30 години брак
Хју Џекман (54) и сопругата Дебора-Ли (67) објавија дека ставија крај на својот 27-годишен брак кој важеше за најстабилните во Холивуд и покрај разликата во години.
„Благословени сме што поминавме заедно речиси три децении во прекрасен брак полн со љубов. Нашите патишта сега се разделуваат и одлучивме да се разведеме за да продолжиме да растеме како поединци“, стои во нивното заедничко соопштение.
Тие додадоа дека семејството им е најголемиот приоритет и дека влегуваат во новото поглавје со благодарност, љубов и добрина.
Тие се запознаа во 1995 на снимањето на австралиска телевизиска серија, во која и двајцата глумеа и Дебора-Ли Фурнес во тоа време беше попозната во својата земја. Се венчаа следната година и посвоија две деца, кои сега имаат 23 и 18 години. Џекмен подоцна стана голема холивудска ѕвезда и заедно со сопругата редовно се појавуваа на црвен тепих. Во јули годинава заедно беа снимени и на Вимблдон.

Двојката го живееше минималистичкиот сон во Ист Хемптон како архитектонско чудо. Луксузниот дом го изнајмуваа преку зима. Двојката потроши 22,1 милиони долари за гламурозен пентхаус во Њујорк, а ја продаваа и нивната зграда со три независни резиденции во Вест Вилиџ, за која што бараа 38,9 милиони.