Хилари Даф се зарази со делта сојот иако била вакцинирана

САД- Актерката Хилари Даф (33) објави дека се тестирала позитивно за коронавирус.
На Инстаграм откри дека се заразила со делта варијантата на Ковид-19 и покрај тоа што била целосно вакцинирана. Имала симптоми главоболка, губење на осет за вкус и мирис и магла во мозокот.
Веста пристигнува само неколку дена откако Даф започна со продукција на претстојната серија на Хулу „Како го запознав татко ти“, спиноф за хит ситкомот на Си -Би -Ес „Како ја запознав мајка ти“. Создадена од писателското дуо Исак Аптејкер и Елизабет Бергер, серијата од 10 епизоди треба да го следи ликот на Даф, Софија, која му објаснува на својот син како го запознала неговиот татко и нејзината тесна група пријатели. Даф ќе се појави заедно со Франсија Раиса, Том Ајнсли, Тиен Тран, Сурај Шарма, Крис Ловел и Брендон Михаел Хол.