“Here I stand“ на Гарванлиев звучи моќно: Евровизиската песна промовирана на МТВ (видео)


“Here I stand“, евровизиската песна со која што македонскиот претставник Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во мај во Ротердам, беше промовирана денес во Дневник 1 на МТВ, каде Васил беше гостин, а од 18.00 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната јутуб платформа на Eurovision Song Contest.

 
 
-И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголем број на заразени од корона вирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза, соопштија предходно од МРТВ.

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата ќе се погрижат Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Фото: М. Трајановски

Во целиот хаос и бура од разочарувања минатата година, Here I stand се напиша” во еден здив, без притоа да помислам за каде и за кого ја пишувам песната. Веројатно тие се оние ретки моменти кога ќе се споите сами со себе и ќе оставите вашата емоција да ве понесе без да ја осудите”, туку ја оставате да истече од вас во најискрената форма.
Особено сум горд што ја имам можноста со автобиографска песна да ја претставам Македонија на Евросонг. Велат дека секој човек си носи барем една песна во себе, Here I stand е мојата песна што едвај чекам да ја запеам на сцена!
Им благодарам на сите кои ме поддржуваат и веруваат во мене
“, изјави Гарванлиев.

Македонскиот претставник веќе ја сними и евровизиската разгледница, годинава во виртуелно студио во МТВ. Со цел да се избегне патување, организаторите на Евровизија осмислија креативни видео разгледници, во кои секој од учесниците ќе се појави на различни локации во Холандија преку холограм.

Организаторите се одлучија на реалистичен пристап, фокусирајќи се во моментов на реализација  на сценариото Б, според кое Евровизија ќе се организира според усвоени протоколи за заштита од ковид 19, што подразбира настан со присуство на делегациите во Ротердам, но со примена на социјална дистанца, чести тестирања во арената, редуциран капацитет на публика, кој може да се движи од 0% до 80%, во зависнот од моменталната состојба и пропишаните закони на локалните власти. За непречено одвивање на шоуто и во услови на неопходни промени во последен момент, секоја национална телевизија мора да обезбеди претходно снимен настап од својот претставник, кој евентуално ќе се искористи во зависнот од потребите на даденото сценарио.