Херцеговски бизнисмен чија јахта изгоре во Макарска купи нова опрема за пожарникарите и даде парична донација
Мишел Марио Чолак, бизнисмен од Херцеговина, чија јахта вредна три милиони евра изгоре во Макарска во јуни годинава, реши да им се заблагодари на пожарникарите кои со часови го гаснеа неговиот брод долг 34 метри.
„Голема благодарност до компанијата FL Nautica d.o.o и нејзиниот директор г-дин Марио Чолак! Благодарение на нивната великодушност беа платени сите трошоци за оштетена опрема и потрошена пена за гаснење пожар при интервенцијата за гаснење пожар на јахтата. Дополнително добивме и финансиски значајна донација за набавка на дополнителна нова опрема која ќе ни биде од голема помош во понатамошната работа“, велат од Противпожарната единица Макарска.
Јахтата пловела под знамето на Малта, а родното пристаниште е Макарска. Сопственост е на претприемач од Широки Бријег кој се занимава со изградба на станови во Макарска и ја издава оваа луксузна јахта.
Штом почнало да гори, Макаранците со удирање на бродот успеале да ги разбудат тројцата членови на екипажот кои спиеле во една од петте кабини, а кои за среќа се спасиле неповредени.
Во моментот на пожарот во резервоарот на јахтата имало околу пет тони гориво. Во меѓувреме јахтата потона на страна, а поради малата длабочина над површината на морето останаа најмалку два метри од бродот. Јахтата впловила во пристаништето 12 часа пред пожарот со шест гости кои ја изнајмиле, а неделното изнајмување чини околу 90 илјади евра.