Харис има 50 отсто поддршка од гласачите, два поени повеќе од Трамп
Меѓу веројатните гласачи на претстојните избори во САД во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, покажа анкета на Еј-Би-Си Њуз/Ипсос.
Исто така, меѓу регистрираните гласачи, Харис има поддршка од 49 отсто од гласачите, додека 47 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Трамп, пишува Еј-Би-Си Њуз.
Што се однесува на довербата во управувањето со економијата, Трамп има осум процентни поени предност и води со седум процентни поени пред Харис кога станува збор за решавање на проблемот со инфлацијата во САД.