Хари Стајлс триумфираше на „Brit Awards 2023“ – и со наградите и со стилот


Англија–  Хари Стајлс е големиот победник на британски награди за поп-музика, „Брит авордс“,  каде се закити  со трофеи во сите четири категории во кои беше номинирaн, една недела по неговиот триумф во Лос Анџелес, каде освои „Греми“ за најдобар албум.

А во Лондон викендов Хари доби награда албум на годината за Harry’s House, песна на годината за поп-хитот As It Was, најдобра поп/аренби песна, и уметник на годината, една од двете родово неутрални категории што беа воведени минатата година отако организаторите на „Брит авордс“ се ослободија од машки и женски категории.

Во кадифен костум на „Нина Ричи“

Претенденти за таа награда беа сите мажи, што разбесни многумина во забавната индустрија, а и на социјалните мрежи.

Бијонсе ја освои наградата за најдобра интернационална песна „Break My Soul “.

Талиа Сторм со најуникатен изглед на Британските музички награди

Еве ја листата на сите добитници