Хали Бери се разведе по 8 години од Оливие Мартинез
Хали Бери и Оливие Мартинез конечно го финализираа разводот по долги осум години. Актерите, кои го делат 9-годишниот син Масео, наводно морале да ги решат прашањата за старателството и издршката на синот кои сега се решени – а Бери ќе издвои прилично пари.
Според судските документи до кои дошол People, Бери се согласила да му плаќа на Мартинез 8.000 долари месечно како издршка. Добитничката на Оскар ќе му плати и „4,3% од сите приходи што ги добива“ над 2 милиони долари како дополнителна изддршка. Тоа е „невообичаен, но креативен“ начин да се постигне финансиска спогодба, според еден експерт.
Иако процентот може да изгледа случаен, Питер Валцер, основачки партнер на семејната адвокатска фирма Walzer Melcher LLP, му кажува на Yahoo дека веројатно е „број генериран од“ програма за поддршка на деца во Калифорнија наречена програма DissoMaster.
Бери ќе ги покрие и трошоците за школарината на нивниот син во приватното училиште, униформите и училишниот прибор и сите воннаставни активности.
Истт процент од приходите, Бери му плаќа и на ексдечкото, манекенот Габриел Обри со кого ја има ќерката Нала.
Мартнез и Хали се запознаа на снимањето на филмот Dark Tide во 2012 година. Тие се венчаа на приватна церемонија во 2013 година, но објавија дека се разделуваат две години подоцна. Тие беа прогласени за легално сингл во 2016. Нивниот развод траеше подолго од целата нивна врска.
„Да се чека осум години за да се финализира разводот е невообичаено за развод на славни личности. Повеќето луѓе сакаат да го завршат разводот што е можно поскоро“, забележува Валцер. „Од друга страна, колку подолго чекате, толку луѓето се помалку емотивни и полесно е да се реши случајот. Понекогаш, полесно е да се реши ако чекате додека странките не продолжат и нивните деца не пораснат.