Хакери украдоа кодови во компанијата за видео-игри ЕА
Хакери ја нападнале компанијата за видео-игри Electronic Arts (EA) и украле вредни информации, потврдија од гигантот, јави Би-Би-Си.
Кибер-криминалците успеале да украдат кодови на игри како FIFA21 и код на Frostbite што е основа за други проекти. Според британски медиуми, украдени се околу 780 GB податоци.
ЕА тврдат дека податоците за играчите не биле погодени и дека водат истрага за кражбата на кодови. Хакерскиот напад не бил со цел откуп, тврдат од ЕА.