Хакери нападнаа американска компанија, а шведски синџир супермаркети затвори продавници


 

Денеска, хакери ја нападнаа американската компанија „Касеј“ за да побараат пари од потенцијално илјада други компании кои од „Касеј“ користат софтвер, што за последица имаше прекин на работата на околу 800 продавници на „Coop“ во Шведска.

Нападот ги парализираше благајните во шведските супермаркети, еден од најголемите синџири супермаркети во земјата, кој мораше да прекине со работа во саботата.

За сеха не е можно да се процени обемот на овој напад.

Наречен и „ransomware“ или ученувачки софтвер, тој тип информатичка програма користи безбедносни слабости на компаниите или лица за паразлизирање на нивните информатичји системи и потоа бара откупнина за да ги деблокира.

Зафатени помалку од 40 клиенти восветот

„Касеј“, кој кибернетичкиот напад го нарече „софистициран“, гарантира дека е ограничен ан многу малку клиенти.

Во петокот вечерта комапнијата објасни дека открила можен инцидент на својот софтвер VSA, пред продолжениот викенд и тогаш процениле дека зафатени се помолаку од 40 клиенти во светот, но тие пружаат услуги и на други комапнии.

Според Huntress Labs, компанија специјализирана за информатичка сигурност, повеќе од 1.000 компании се зафатени со нападот.

Базирана во Мајами, „Касеј“ нуди информатички алатки на мали и средни претпријатија . Има повеќе од 40.000 клиенти.