Хајди Клум се маскираше во паун за Ноќ на вештерките
Германскиот топ-модел Хајди Клум и оваа година не разочара со својот костум за Ноќта на вештерките, трансформирајќи се во паун, додека неколкумина акробати ги формираа пердувите на опашката. Клум, која лани се маскираше во голем дождовен црв, ја придружуваше сопругот Том Каулиц облечен како јајце.
Иако другите славни личности од Холивуд имаат добри маски, секоја година за Ноќта на вештерките, најочекуваната и најдобрата маска е на манекенката Хајди Клум.
Таа вообичаено поминува низ неколкучасовен процес на шминкање и маскирање.
Клум пристигна на забавата во придружба на изведувачи од славната циркуска трупа „Сирк ду солеј“.
„За ова е потребно многу планирање. Прво треба да имаш идеја, а овојпат имав идеја да направам нешто со многу луѓе“, изјави 50-годишната Клум.