Хаг денес ќе решава дали има геноцид во руската инвазија на Украина
Меѓународниот суд на правдата во Хаг денес треба да донесе одлука за итното барање на Украина Русија веднаш да ја прекине својата инвазија, при што Киев тврди дека Москва лажно го обвинила својот прозападен сосед за геноцид за да ја оправда војната. Киев сака судот да преземе привремени мерки со кои ќе и наложи на Русија „веднаш да ги прекине воените операции“.
„Русија мора да биде запрена, а судот има улога да го спречи тоа“, изјави претставникот на Украина Антон Кориневич пред МСП.
Сослушувањето доаѓа во време кога бројот на бегалци кои ја напуштија Украина надмина 3 милиони, а руските сили ги засилија нападите врз станбените згради во Киев. Русија ги отфрли сослушувањата на 7 и 8 март, тврдејќи во писменото обраќање дека МСП „нема надлежност“ бидејќи барањето на Киев е надвор од опсегот на Конвенцијата за геноцид од 1948 година на која го засноваше својот случај.
„Владата на Руската Федерација со почит бара од Судот да се воздржи од укажување привремени мерки и да го отстрани случајот од списокот“, побара Москва, тврдејќи дека нејзиниот преставник не се појавил бидејќи немал доволно време да се подготви.Но, Москва ја оправда употребата на сила во Украина, велејќи дека „дејствувала во самоодбрана“.
МСП е формиран по Втората светска војна за да одлучува за споровите меѓу земјите-членки на ОН, главно врз основа на договори и конвенции.Иако неговите пресуди се обврзувачки, тој нема вистински средства да ги спроведе.
Експертите велат дека е малку веројатно судиите да го одбијат барањето на Киев, барем кога станува збор за неговите итни барања, наречени привремени мерки.Целосното сослушување за случајот сепак може да потрае со години, додаваат тие.
„Мислам дека е малку веројатно дека МСП нема да ги исполни барањата на Украина барем до одреден степен или целосно“, рече Мариек де Хун, асистент професор по меѓународно кривично право на Универзитетот во Амстердам. МСП во оваа фаза треба само да утврди дали на прв поглед има спор околу толкувањето на Конвенцијата за геноцид, рече таа. „Нема да биде тешко за МСП да пресуди дека овој низок праг е достигнат“, рече таа за АФП.„Дали Русија ќе обврзе е сосема друго прашање“, додаде Де Хун.
Случајот е исто така одвоен од истрагата за воени злосторства во Украина што ја започна Меѓународниот кривичен суд (МКС), посебен трибунал, исто така со седиште во Хаг.