„Hackney Diamonds“- „Ролингстоунс “ го најавија новиот албум со Џими Фалон (видео)


Лондон- Новиот албум на „Ролинг стоунс“, насловен „Hackney Diamonds“, ќе излезе на 20 октомври, објавија Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд на ексклузивен настан со американскиот водител Џими Фалон, емитуван на Јутјуб од лондонската населба Хекни. Албумот содржи 12 песни, а беше најавен со синглот „Angry“.

Тоа е првото студиско издание на групата по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс во 2021, чие свирење, сепак, ќе може да се чуе на две песни.

„Албумот содржи 12 песни. Повеќето се со Стив Џордан на тапани, но две се со Чарли, снимени во 2019“, кажа Џегер.

Потврдено е дека на албумот гостува Лејди Гага, но се шпекулира дека се појавуваат и Пол Макартни и Стиви Вондер.

„Албумот го снимивме доста брзо. Имавме многу идеи, се собравме пред Божиќ минатата година и го направивме“, кажа Вуд.

Стоунс објаснија дека „Hackney Diamonds“ е референца за природата на областа Хакни во Лондон.

„Тоа е како кога ќе ви го скршат шофершајбната во сабота навечер во Хакни, каде што се скршени стаклата на автомобилот“, рече Џегер. Алтернативните наслови за албумот беа „Hit and Run“ и „Smash and Grab“, рече Ричардс.

Hackney Diamonds“ следува 18 години по последниот албум на „Стоунс“ со оригинални песни, а во меѓувреме, во 2016 излезе албумот со блуз обработки „Blue & Lonesome“.

И покрај тоа што нејзините членови стареат, Стоунс редовно патува на турнеи во текот на 21-от век, при што Џегер ја задржа речиси целата своја вокална и физичка енергија и покрај тоа што наполни 80 години на 26 јули. Беа на северноамериканска турнеја во есента 2021 година, непосредно по смртта на Вотс, и на повеќекратна турнеја „Шеесет“ низ Европа минатата година, по повод 60-годишнината на бендот. (Варајати)