Гвен Стефани тајно се омажи за Блејк Шелтон (фото)


САД- Поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) се омажи за својот свршеник кантри-ѕвездата Блејк Шелтон (45), објави порталот „Пејџ сикс“.

Музичката двојка имала интимна церемонија на фармата на Шелтон во Оклахома. Американските медиуми пишуваат дека Блејк веќе претходно изградил капела, со намера таму да се ожени со Гвен.

Фотографиите од венчавката можете да ги погледнете тука.

Двојката лани го купи првиот заеднички дом, замок во Енсино, Калифорнија,според „Variety“. Имотот од 13 илјади квадратни мерки ги чинеше 13,2 милиони американски долари.

Двокатната палата открива низа убавини, вклучително и гаража за четири автомобили, а голема кујна со врвни апарати, театар, кујна на отворено сместена во непосредна близина на голем базен и спа-бања. Бидејќи домот е во подножје, тој е дополнителен приватен, со две големи порти што го заштитуваат од уличен поглед.

И Стефани и Шелтон, кои се сретнаа како судии на шоуто за таленти  The Voice  во 2014 година и започнаа да се дружат во 2015 година, се отарасија од своите стари домови во последните години: Шелтон го продаде домот во Брентвуд, Тенеси, што го делеше со екссопругата Миранда Ламберт во јануари 2017 година за 2,25 милиони долари. Преклани, Стефани го продаде домот на Беверли Хилс што некогаш го поседуваше со тогашниот сопруг Гавин Росдејл за 21 милион долари.