Гувернерот на Калифорнија до Европа: „Не бидете патетични, покажете ‘рбет“
Гевин Њусом, демократскиот гувернер на Калифорнија, остро го критикуваше претпазливиот одговор на Европа на заканите на Доналд Трамп за Гренланд.
„Време е да се освестиме. Време е да станеме сериозни и да престанеме да бидеме соучесници. Време е да стоиме исправено, цврсто, да имаме цврст ‘рбет“, рече Њусом на Форумот во Давос.
Тој додаде: „Се надевам дека луѓето разбираат колку патетично изгледаат на светската сцена, барем од американска перспектива. Тоа е срамно“.
„Не можам да го поднесам ова соучесништво, луѓето да се превртливи. Требаше да донесам еден куп штитници за колена за сите светски лидери. Мислам, се делат круни и Нобелови награди. Тоа е едноставно жално. И се надевам дека луѓето ќе разберат колку жално изгледаат на светската сцена… Тоа е срамно“, рече гувернерот.
Њусом, исто така, ја отфрли можноста за дипломатија со Трамп: „Тој е како диносарусот Т-Рекс: се париш со него или тој те проголтува“.
„Бескомпромисниот“ јазик на Њусом политички му служи на гувернерот, кој им се обраќа и на својата публика дома и во Европа. Њусом може да биде кандидат на демократите на следните претседателски избори.