Гурманско задоволство: Тестенини со ајвар и кулен за совршен есенски ручек
Искористете го свежо подготвениот ајвар и направете печени и вкусни тестенини со кулен!
Состојки:
300 гр тестенини по желба
330 гр кисела павлака 20% мм
120 гр тврдо (мешано) сирење
150 гр Трапист (полутврд) кашкавал
3 јајца
2 лажици свеж власец
150 гр кулен
50 гр ајвар
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода според упатството на пакувањето, потоа исцедете ги и ставете ги во сад за печење подмачкан со путер (28 см).
Во сад измешајте 180 гр павлака, издробено сирење (мешано сирење, кравјо и овчо сирење), рендан Трапист кашкавал, јајца и млад кромид. Се меша, па се додава сечканиот кулен и се меша со шпатула.
Прелијте ги тестенините и измешајте.
Се пече во загреана рерна на 220°C 25-30 минути. По ова време, извадете ја теспијата од рерна и премачкајте ја со мешана павлака (150 гр.) и ајвар. Послужете додека е топло.
Уживајте!