Гугл почнува да брише неактивни сметки за три дена, еве што значи тоа


Компанијата „Гугл“ од 1 декември започнува со бришење на „неактивни“ сметки, што значи сите сметки кои не биле користени најмалку две години.

Ова значи дека е-пораките, видеата, фотографиите, документите и која било друга содржина на таа сметка ќе бидат избришани.

Компанијата изјави дека сметките кои не биле користени долго време може да бидат компромитирани и дека тие обично имаат помалку безбедносни проверки и немаат двојна автентификација.

„Како резултат на тоа, овие сметки може да бидат киднапирани и да се користат за спам или друга злонамерна содржина, како и за кражба на идентитет“, велат од Google.

Најлесен начин да ја задржите сметката активна е корисникот да се логира најмалку двапати годишно, пишува Вашингтон пост.

Дополнително, сметката нема да се деактивира ако користите пребарување на „Гугл“ или гледате YouTube преку него.