Грешка која возачите често ја прават: Може скапо да ве чини
Честите грешки на возачот може да го оштетат моторот.
Возачите на бензин и дизел би можеле да го оштетат маслото во нивното возило без воопшто да се свесни за тоа. Често прават една грешка која може скапо да ги чини. За што се работи?
Според механичарот Скори Килмер, би можеле да го скратите животниот век на вашето масло секој пат кога ќе го пуштате автомобилот да работи додека не возите (во мирување). Тој предупреди дека оставањето на моторот да работи може да ја блокира и водената пареа, пренесува британски Експрес. На овој начин маслото се троши побрзо. Кога автомобилот е во „лер“; во него се акумулира повеќе вода.
„Разберете дека кога согорувате бензин, кој не е ништо друго освен јаглерод и водород, еден од нуспроизводите е водената пареа. Затоа кога ќе го стартувате автомобилот наутро, често ќе видите вода како капе, тоа е нормално, тоа е производ на согорување на бензин“, објаснува механичарот.
„Кога автомобилот работи во лер, многу вода останува во моторот и маслото. Но, кога одите по автопат со 100 километри на час, станува жешко, дува ветер и сето тоа испарува. Спротивно на тоа, ако возите 100 километри на час на автопат, можете да го менувате маслото на секои 15.000 километри ако сакате“, додаде тој на крајот.