Греми 2021: Победници се…
САД- Били Ајлиш освои Греми за снимка на годината, втора година по ред, додека Тејлор Свифт и Бијонсе испишаа историја на музичките Оскари синоќа.

Свифт стана првата пејачка што освоила албум на годината три пати – земајќи ја годинешната чест со „Folklore” – и Бијонсе постави нов рекорд за најмногу победи од женски уметник и најмногу победи од пејач, маж или жена, на церемонијата чиј домаќин беше Тревор Ноа од „Дејли шоу“. Но, токму Ајлиш ја зеде најголемата награда на ноќта, снимка на годината за „ Everything I Wanted“.
Меган Те Сталион стана првата жена рапер што ја освои престижната награда за нов уметник по Лорин Хил во 1999 година. „Savage“ освои Греми за најдобра рап песна и најдобрата изведба на рап, а Бијонсе ја зеде и најдобрата изведба на R&B за „Black Parada“и најдобро музичко видео зa “Brown Skin Girl.” Со вкупно 28 победи на Греми, Бијонсе го надмина рекордот на Алисон Краус.

Во спотот се појави и 9-годишната ќерка на Бијонсе, Блу Ајви, што ја прави втора најмлада личност што освои Греми. „Јас сум толку горда на тебе и многу сум горда што сум твоја мама“, рече Бијонсе.

Албумот „”Future Nostalgia” на британската пејачка Дуа Липа беше прогласена за најдобар поп-вокален албум, Х.Е.Р. има најдобра песна на годината“ за „I Can’t Breathe,” , „Wildcard“ на Миранда Ламберт беше прогласен за најдобар кантри албум, а Хари Стајлс освои награда за поп соло изведба за „”Watermelon Sugar.” (според агенциите)