Грција под вода: Пороите носат сè пред себе


Дожд и силно невреме ја погодија Грција, а последиците од лошото време веќе се манифестираа на северот на Атика и областите на централна Грција и Самотракија.

Во голем број случаи веќе имало поплави, додека громови предизвикале пожари, поради што пожарникарите имале полни раце работа. Мрежата на Националната опсерваторија на Атина забележала над 400 удари од гром во рок од два часа.

Дождот со послаб интензитет се уште врне, а претходно обилни дождови наврнаа во Дионисос, Агиос Стефанос и Спата. Пороен дожд во попладневните часови наврна и во Елефсина.

Попладнево лошо време го зафати и подрачјето на Пелопонез.

Комитетот за проценка на ризици вчера одржа итен состанок, а заседаваше и координаторот за Цивилна заштита, кој ги разгледа опасните временски појави.

Најголемо количество дожд наврна на Агиос Стефанос.

За потсетување, на мобилните телефони на жителите на Атика беше испратена пораката 112 нешто по 12 часот, бидејќи се очекуваше влошување на времето во следните неколку часа.

Од вчера „бран“ невреме ја зафати Грција, а главни обележја се дождот, невремето и големата громогласна активност. Се очекува слабеење на интензитетот во четврток доцна навечер.

Особено драматично беше во Солун, каде што поројните води сериозно го нарушија сообраќајот, па дури и однесоа контејнер за ѓубре и други предмети.