Грција планира да исплати најмалку пет милијарди евра јавен долг во 2025 година


Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Грција планира да го забрза отплатата на својот јавен долг и во 2025 година да исплати најмалку пет милијарди евра долг настанат за време на должничката криза.

На состанокот организиран од Блумберг тој посочи дека тоа треба да биде последниот знак за економскиот пресврт на земјата.

„Неуморно сме фокусирани на фискалната дисциплина, што е знак на довербата што ја имаме во јавната потрошувачка“, рече Мицотакис, јави Блумберг.

„Новата предвремена отплата, по предвремената отплата на 8 милијарди евра кредити од првиот меморандум, се очекува да биде договорена во декември, со што ќе се испрати јасна порака до пазарите за посветеноста на Грција за фискална стабилност и намалување на јавниот долг“, нагласи грчкиот премиер.