Грција, Малта и Ирска меѓу земјите во кои американскиот ЦДЦ вели да не се патува
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги предупреди американските граѓани да не патуваат во голем број земји поради зголемениот број заразени во тие држави, вклучувајќи ги Грција, Малта и Ирска.
Меѓу земјите во кои ЦДЦ не препорачува патување се и Иран, Американските Девствени Острови, Либија, Казахстан, Андора и Лесото.
Мартиник, островот Свети Бартоломеј во Малите Антили, Куракао и Островот Ман, меѓу другите, имаат голем број заразени луѓе, како што предупреди ЦДЦ.