Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ се против набавка на модерни автобуси


Советот на Град Скопје

 

Раководството на Градот Скопје денеска ги обвини советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека не сакаат да се осовремени градскиот превоз дека гласале против набавка на модерни еколошки автобуси. Од Градот велат дека „советниците на Мицкоски продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните“.

„Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги ‘зезнат’ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје. 

Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на Градот Скопје.

Оттаму додаваат дека градската администрација нема да се откаже од модернизирањето на возниот парк на ЈСП Скопје затоа што тоа е приоритет кој произлегува од програмата „За модерно Скопје“.