Грабеж во Лувр, најпознатиот музеј во светот е затворен

Полицијата и надлежните служби ги истражуваат околностите на грабежот


Француската министерка за култура Рашида Дати штотуку потврди дека имало грабеж во музејот Лувр во Париз – еден од најпознатите музеи во светот.

Таа на социјалните мрежи објави: – Нема повредени. Јас сум на местото на настанот заедно со музејските екипи и полицијата. Истрагата е во тек – рече таа.

Инцидентот се случил наутро, на отворањето на музејот. Сè уште не е објавено што точно е украдено, а Лувр е затворен за јавноста цел ден поради „вонредни причини“. Според достапните информации од официјални извори, нема пријавени повредени.

Полицијата и надлежните служби ги истражуваат околностите на грабежот и работат на утврдување на сите детали, а безбедносните мерки се зголемени.

Оваа вест привлече големо внимание на јавноста бидејќи е една од клучните светски културни институции.