Горан Бреговиќ падна од мотор и го повреди рамото
Франција – Балканската музичка ѕвезда Горан Бреговиќ неодамна доживеал несреќа на веспа, во Париз, Франција, а при падот го повредил рамото. Според српските медиуми, раката на музичарот му е имобилизирана.
Поради тоа, тој мора да ги откаже концертите во Мексико закажани за 26, 29, и 30 октомври годинава.
Бреговиќ во 2008 година доживеал слична повреда при пад од дрво, од околу четири метри висина и го скршил лумбалниот пршлен.