Голоб: Решението за Косово се избори за легитимната власт, потоа за ЗСО
Голоб ова го изјави при доаѓањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада и нагласи дека за ова е неопходно „сите да учествуваат на вонредните избори, а тоа значи и српските граѓани“ и дека сè што се случи во последните недели е за осуда.
– Тоа значи дека меѓународната заедница ги осудува поединците кои навистина стојат зад ескалацијата и вооружените конфликти, а Словенија најостро ги осудува поединците кои ги воделе и учествувале во тие настани, додаде тој.
На новинарско прашање дали поради тие настани ЕУ размислува за санкции против Србија, словенечкиот премиер одговори дека за тоа нема дискусија и изјави дека „мора да се биде внимателен, доследен и упорен“.
Важно е, како што истакна, „да се утврди вината на поединци и да се намали тензијата додека не се расчисти и да се бара трајно решение“.
– Не верувам дека санкциите сами по себе можат да доведат до трајно решение, а доколку тоа е неопходно и ако се усвои единствен став (во ЕУ), Словенија ќе се приклучи кон тоа, заклучи Голоб.