Големата руска колона на камиони и тенкови почна да заглавува во кал
Трент Теленко, поранешен вработен во Агенцијата за управување со договори за одбрана на САД, на својот профил на Твитер ги истакна проблемите што настанаа кога руските борбени возила се соочија со пукнатина – пролетно затоплување што ја претвора украинската почва во кал во средината на март.
Овие логистички проблеми Теленко ги објаснил со фотографија од руско возило опремено со системот за воздушна одбрана „Панцир С1“ кое заглавило во калта. Тој во своите објави се осврна и на, како што рече, „имплицираните лоши руски практики на сервисирање воени камиони“.
Теленко рече дека една од неговите први задачи за агенцијата била да го контролира квалитетот на тактички возила со средна големина што ги доставува добавувач до Министерството за одбрана на САД и дека такви возила, како што е руското заглавено во локва во Украина, секој месец треба да се превртуваат и превентивно да се сервисираат и потоа да се преселат на друга локација. Тој посочи дека посебно внимание треба да се посвети на системот за пумпање на гумите и прилагодување на притисокот во гумите.
„Возилата мора да се преместуваат бидејќи гумите стареат кога се изложени на директна сончева светлина“, рече Теленко, додавајќи дека празнењето и полнењето на системот за надувување и прилагодување на притисокот ја одржува флексибилноста на страничните ѕидови на гумите.
„Кога воените камиони стојат некаде со месеци, страничните ѕидови скапуваат и стануваат кршливи. Ако тоа возило потоа помине значителен број километри, гумите ќе пукнат“, изјави Теленко.
Теленко смета дека Русите би можеле да се најдат во голема неволја поради овие проблеми.
Во разузнавачките информации на западните земји од јануари се велеше дека руската инвазија на Украина би можела да почне кон средината на февруари, кога почвата во недогледните рамнизи ќе биде смрзната и тоа нема да биде проблем за тенковите, оклопните возила и камионите. Но оваа доцна зима годинава е многу потопла од вообичаената.