Голем ноќен напад врз Русија: На аеродромот Псков на границата со ЕУ, уништени 4 авиони
Руските власти соопштија дека бил нападнат аеродромот Псков во близина на границата со Латвија и Естонија.
Најголем координиран напад врз Русија од почетокот на војната
Украинските беспилотни летала гаѓаа шест руски региони во најголемиот координиран напад со беспилотни летала од почетокот на војната. Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников ги откажа сите летови до и од аеродромот додека не се процени штетата.
Псков е град во близина на северозападната граница на Русија – во близина на Естонија и Латвија. Се наоѓа на околу 350 километри јужно од Санкт Петерсбург и повеќе од 700 километри од Москва. Аеродромот се наоѓа на источната страна на градот и служи како центар за воени авиони покрај цивилните летови до неколку блиски дестинации.
A video from the Pskov airport. Audio translation: ‘Two planes are on fire in our Pskov airport. Allegedly a drone attack. No idea, if it’s true’. Then the radio exchange can be heard: ‘We’re inside the plane. Looking for the fire source. Nothing yet, except for the smoke’. pic.twitter.com/22IkZFM88m
— Mark Krutov (@kromark) August 30, 2023
Непотврдени медиумски извештаи сугерираат дека меѓу 10 и 20 беспилотни летала можеби го нападнале аеродромот. Според Министерството за одбрана, повеќе беспилотни летала биле соборени над Ориол, Бријанск, Рјазан, Калуга и московскиот регион околу главниот град на Русија.
#Псков, что-то произошло непонятное https://t.co/TnEZR7YRYP pic.twitter.com/Yrd9V1EqpS
— Necro Mancer (@666_mancer) August 29, 2023
Русите возвратија со напад на Киев
Серија експлозии се случија во главниот град на Украина, Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Тој додаде дека урнатините оштетиле неколку згради во главниот град на Украина, вклучително и магацин и административна зграда, и двете се во пламен. Во нападот загинале две лица.