Го освои Грен слемот во Париз, а сега работи во Лидл за 12,5 евра


Актуелниот шампион на Роланд Гарос во двојки, Германецот Кевин Кравиц, додека не се игра тенис времето го поминува работејќи во супермаркет.

Овој 28-годишен тенисер, само една година откако во двојки со Андреас Мисо победи на финалето на грен слемот во Париз против Жереми Шарди и Фебрис Мартан со 2-0 во сетови, се вработи во Лидл во предградието на Минхен.

Лани заработи 550.000 евра, а сега работи за 12,5 евра на час и секој ден станува во 5.30 наутро.

„Ми беше досадно дома, а мој пријател работи во Лидл. Се шегуваше со мене и со уште еден пријател дека Лидл бара работниви и дека има шанси да не вработи. Но, мораше да почнеме за три дена, па решивме да пробаме“, вели Кравиц за Дејли мејл.

„Барав ново искуство. Не е како да сум лекар, но  работата во супермаркет е важна во пружање помош на заедницата“, вели тој.

Признава дека нема посебен третман од шефовите додека ги полни рафтовите.

„Станувам рано. Исто така, останувам и до доцна за да завршам работа Некогаш стоев пред маркетот да ги организирам луѓето кои влегуваа. На луѓето треба да им објасните дека мора да имаат количка и да внимаваат на растојанието“, вели Кравиц кој понекогаш и дезинфицирал површини.

Сепак не поминал незабележано.

„Многумина ми рекоа: личиш на тенисерот. Одговарав дека тој и сум. Беше многу смешно“, вели Кравиц, кој планирал да работи во тајност, но го откри „Шпигел“.

„Некои од колегите во Лидл беа шокирани кога дознаа кој сум. За мене беше убаво што ги запознав нив. Ме научи дека секој има убава приказна“.

Како што спортот се враќа во мај во Германија, Кравиц нема уште долго да полни рафтови.

„Беше забавно“, порачува тој.