Глумецот Шон Пен пешачел со километри за да избега од Украина.
Актерот, кој снима документарен филм за руската инвазија на земјата, го напуштил својот автомобил откако ги видел долгите редици со бегалци кои се упатиле кон Полска. Пен (61) сподели слика на која влече претрпан куфер, со натпис: „Јас и двајцата колеги пешачевме со километри до полската граница откако го оставивме нашиот автомобил“.Шон Пен вели дека САД ја „изгубиле душата“ ако и дозволат на Украина сама да се бори против Русија.
„Речиси сите автомобили на оваа фотографија носат само жени и деца, повеќето без никаков знак за багаж, а автомобилот е единствената вредност што ја поседуваат“.
Пен беше фотографиран на брифинг со новинарите во украинската влада во Киев минатиот четврток, кога Русија започна целосен напад врз својот сосед. Следниот ден актерот објави изјава во која го осудиа рускиот претседател Владимир Путин дека направил „ужасна грешка за целото човештво“.
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави соопштение во кое ја пофали „храброста“ на Пен.
„Шон Пен демонстрира храброст што им недостигаше на многу други, особено на некои западни политичари“, се вели во изјавата.